28-годишниот Брентон Тарант кој вчера уби 49 лица во две џамии во местото Крајстреч во Нов Зеланд престојувал и на Балканот. Како што соопштија бугарските власт, Брентон бил во Бугарија од 9 до 15 ноември 2018 година.
– Истражителите веќе имаат прецизни информации за текот на неговиот престој во Бугарија. Тој стигнал во Софија од Дубаи на 9 ноември, изнајмил автомобил на 10 ноември и посетил историски локации во десет бугарски места. Заминал од Бугарија. На 15 ноември летнал за Букурешт каде изнајмил автомобил за да отиде во Унгарија, – наведува државниот обвинител Сотир Цацаров.
Инаку, Тоа не било прв пат Брентон Тарант да престојува во Југоисточна Европа. Според истите извори тој кратко престојувал на Балканот од 28 до 30 декември кога со автобус патувал низ Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Бугарски претставници навеле дека за оваа истрага се во контакт со властите во САД, Нов Зеланд, Австралија, ОАЕ, Србија и Црна Гора.