Од концертите кои Енрике Иглесисас требаше да ги одржи во Хрватска Латвија и Белорусија засега ќе нема ништо. Како што објавија хрватските медиуми, бугарскиот промотор ArtBG не го испочитувал договореното и дека продавал влезници, промовирајќи ги концертите без да да му платат на Енрике. Наводно лажниот промотор ги собрал парите и избегал. Не ги платил трошоците ниту за концертните сали, а не им платил ниту на музичарите. Во јавноста се шират информации дека екипата на ArtBG земала околу еден милион евра, од зарабтка со продажбата на влезниците.
Од продукциската куќа „Евентим“ која ги продавала картите велат дека новите датуми за концертите кои беа закажни во Загреб, Минск и Рига ќе бидат наскоро објавени.
„Организаторот е од Бугарија, а ние како посредник продававме влезници во име и на негова сметка. Иако сеуште собираме информации од организаторот и изведувачот, веруваме дека во наредниот период ќе можеме да објавиме повеќе информации за откажаните концерти и ќе излеземе со дополнително упатство за обожавателите“, изјавила Антонија Никиќ од „Евентим“ за „24 часа“.