Најстарите активна глумици во светот, Бугарката Стојанка Мутафова почина на 97-годишна возраст.
„Замина многу драг и добар човек. Секогаш ќе биде еден од симболите на бугарскиот театар“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Наречена кралица на бугарската комедија, Мутафова започнала да настапува во 1945 година, кога ја играла слугинката во „Трикови на Скапин“ од Молиер. Таа станала популарна во својата татковина откако се појавила во неколку телевизиски комедии и забавни програми. На 94. година од животот со својот театар била на турнеја низ Северна Америка и Европа. Таа настапувала на театарските штици до пред неколку месеци.
Инаку, Стојанка Мутафова, по смртта на рускиот актер Владимир Зелдин, кој почина во 2016 година на возраст од 101 година, пред две години “Гинис’’ ја призна за највозрасна активна актерка на светот.