Со одлуката на Министерството за здравство на Бугарија од денес не се бара негативен ПЦР-тест за коронавирус за српските граѓани, но тоа не важи за македонските граѓани кои можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР-тест, не постар од 72 час.
Наредбата дека патниците кои пристигнуваат од Србија мора да бидат ставени во карантин е поништена.
Инаку, Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради епидемијата на коронавирус.