Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вечерва изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.
Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори.“ , вели Милков за бугарските медиуми .
Тој изјави и дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје , поради , според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“
Бугарија ќе го врати Ангелов во Скопје само кога ќе види вистински напредок во борбата на нашиот сосед против говорот на омраза и кога ќе бидат уапсени и извршителите на нападите врз бугарските клубови и Христијан Пендиков, изјави на министерот за надворешни работи Николај Милков за новинарите. . „Ова е знак на цврст став дека ова не може да продолжи“, објасни министерот , пренесуваат бугарските медиуми .