„Бугаринот двапати во очи ми рече е*и се, па морав да го воспитам!“

by Тони Зографски

На АТП-турнирот во Орлеан дошло до тепачка меѓу локалниот тенисер Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев кога го завршиле мечот и се доближиле до мрежата за да се „поздрават“.

Бугаринот по пресвртот триумфираше со 2:1 (2:6, 7:6, 7:6), а поразот во два тај-брејка францускиот тенисер тешко го поднесе.

При приближувањето до мрежата, двајцата прво си подале рака еден кон друг, а потоа влегле во пресметка.

По инцидентот прв во јавноста се појави домашниот тенисер, кој беше поагресивниот и кој го иницира конфликтот на мрежата.

„Не сакам да се извинувам за тоа што се случи на мечот. Кога еден тенисер ќе си дозволи двапати да му каже на противникот „е*и се“ додека ме гледа во очи, тогаш не можам, а да не изреагирам на свој начин. Тоа се работи што не се прават“, напиша Муте на социјалните мрежи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com