На апликацијата „Telegram“ се шири видео кое наводно прикажува двајца руски војници кои одбиваат да одат во војна во Украина.
Двајцата мажи во униформи, излегуваат пред командантот во текот на прозивката, а кратко потоа се прилично брутално приведени.
„Guardian“, повикувајќи се на независниот руски медиум „Медуза“ кој го споделил видеото објавено на каналот „Воен правобранител“ на „Telegram“, наведува дека инцидентот се случил во регионот Белгород во Русија. Видеото во меѓувреме се проширило на низа руски и украински канали на таа социјална мрежа.
„Командантот ги известува војниците дека на 16-ти ноември против нив е започната казнена постапка поради непочитување на наредби (дел 2.1 од член 322). Овој член предвидува казна затвор од две до три години. Потоа се приведени“, се наведува.
Активистите за човекови права веруваат дека видеото е снимено и објавено како предупредување за другите.