Полицијата објавила снимка од надзорните камери на кои се гледаат последните моменти од животот на Меган Њутон од Aнглија, која била брутално силувана и убиена. На снимката се гледа како Меган се смее со фудбалерот Џозеф Тревор, пред да го покани во својот стан. Жртвата му дозволила на убиецот, инаку син на поранешен полицаец, да преспие во нејзиниот стан откако и рекол дека е премногу пијан и издрогиран за да оди дома кај родителите.
На снимката се гледа како Тревор влегува по девојката во станот во 3:45 минути на 20-ти април минатата година, пред да ја силува, задави и избоде со нож девет пати.
По бруталното убиство голото и крваво тело на Меган Тревор го оставил на кревет, а потоа бил снимен како два часа подоцна излегува до станот и го фрла клучот од влезната врата во парк во Њукасл.
Инаку, Тревор и Меган биле школски пријатели, а момчето е осудено на доживотен затвор откако го признало силувањето и убиството.