По десет години откако прв пат се венчаа на Карибите, славниот актерски пар Брус Вилис и Ема Хеминг повторно се заколнаа на вечна љубов. На венчавката главни фаци биле децата на актерот, а главна гостинка била поранешната сопруга на Вилис, холивудската актерка Деми Мур.
https://www.instagram.com/p/BvTrHfKB3QX/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BsNqzGBFJ-Y/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Додека младите се движеле кон олтарот, најмладите ќерки на Бруси и Деми Мур, Мабел Реј и Евелин Пен го посипувале патот со ружи, а во позадина се слушал гласот на неговата најстара ќерка Румера која ја пеела свечената песна.
https://www.instagram.com/p/BsrwAVrl_4a/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Инаку, пред десет години на првата венчавка, Деми Мур присуствуваше со тогашниот сопруг Ештон Кучер. Тој во 2012 година се разведе од Деми.