Холивудскиот глумец Брус Вилис бил избркан од продавница во понеделникот, откако одбил да носи маска во објектот.Според странските медиуми, луѓето во продавницата биле вознемирени затоа што Вилис (65) не носел маска. Брус имал марама околу вратот.
Ѕвездата на филмот „Умри машки“, кој беше фотографиран во продавницата без маска, го напуштил објектот со празни раце откако вработените му кажале дека не можат да го услужат без маска.
Вилис подоцна преку неговиот ПР агент се извини за инцидентот, велејќи дека било „погрешна одлука“ да не стави маска и порача:
„Бидете безбедни и да продолжиме да носиме маски“.
Инаку, актерот поголемиот дел од корона-кризата го помина во карантин со неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните возрасни деца во семејната куќа во Ајдахо.