Откако неговото семејство откри низ што точно минува Брус Вилис, поради неговата неодамнешна дијагноза на фронтотемпорална деменција, се појавија информации дека состојбата се влошува.
Неговото семејство претходно споделуваше фотографии на кои поминуваат драгоцени моменти заедно. Сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис изградила одлична врска со неговата поранешна сопруга Деми Мур.
Извор близок до семејството наведува и дека актерот работи напорно и сака да биде во најдобро издание кога ќе му се роди внукот. Неговата ќерка Румер Вилис, која ја доби со Деми Мур, неодамна објави дека е бремена и очекуваат дека актерот сепак ќе биде свесен за да го запознае својот внук.
„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, се јавува на телефон само за Брус да ѝ го слушне гласот. Брус не може многу да зборува и не изгледа како да сфаќа многу од она што другите го зборуваат“, рекол еден извор близок до семејството.
За потсетување, во март минатата година беше објавено дека Брус Вилис се повлекува од светот на актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на неговите когнитивни способности, а сега се бори со деменција која влијае на однесувањето со симптоми кои вклучуваат промена на личноста, опсесивно однесување и тешкотии во говорот.