Легендарната актерка Брук Шилдс беше на премиерата на серијата „Јелоустоун“ во Њујорк.
Холивудската убавица уште од тинејџерските денови остава голема трага во кинематографијата, а нејзиниот живот долго време е интересен за јавноста. Брук и понатаму е една од најубавите жени на светот, па и сега шармираше со својот изглед.
Иако има 59 години, на вакво издание би и позавиделе и многу помлади жени.
Убавата актерка во оваа прилика одбрала да се појави во џемпер фустан во нежно кафена нијанса кој се вкрстува на градите и создава рез на стомакот. Малку жени би се одлучиле за ваков модел со оглед на тоа дека може да покаже и некои маани, но Брук ги нема.