Лос Анџелес лејкерс ги објавија цените на билетите за комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џијана која ќе се одржи на 24 февруари, во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес. Како и датум кој беше одбран за комеморација бидејќи ги симболизира бројките на дресовите кои ги носеа Коби (24) и Џијана (2), така и цените на билетите ќе имаа симболика.
Најскапиот билет ќе чини 224 долари, два билети од средна класа исто така можат да се купат по цена од 224 долари, а најефтините билет изнесуваат 24,02 долари. Сите пари собрани од билетите ќе одат во хуманитарната фондација на семејството Брајант, која сега се преименуваше во „Мамба и Мамбасите спортска фондација“.
Тие што нема да успеат да дојдат до билети за влез во арената ќе можат да ја следат комеморацијата на големи видео-бимови надвор пред „Стејплс“.
Инаку, Коби Брајант и Џиана, како и уште седумина патници загинаа во хеликоптерска несреќа минатиот месец.