Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.
Регистрирани сe 45 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово, Битола и Кавадарци – по 2, Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г), починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.