Бритни Спирс повторно ги шокираше своите фанови, а овој пат отиде чекор понатаму. Имено, таа позираше целосно гола во поза одзади. Така завртена, Бритни ги ставила рацете на задникот, а врз тоа ставила емотикон.
Инаку, Бритни Спрајс по венчавката се обратила кон семејството, со оглед на тоа како секогаш била отрфлана. Споменала и дека Брајан не и дозволил да пие алкохол за време на нејзиниот четиригодишен престој во Лас Вегас од 2013 до 2017 година, иако имала повеќе од 21 година. Во тоа време, таа сè уште беше под законско старателство на нејзиниот татко, кое беше прекинато во ноември 2021 година.
– Можам да се принудам да пијам Џек вечерва, ќе ја погледнам месечината и ќе речам е.. се. Знам дека си ти крв и дека крвта тече длабоко, но ниту едно семејство не би го направило тоа што вие ми го направивте мене – му порача Бритни на своето семејство на Инстаграм.
Да потсетиме, Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа во Лос Анџелес, а нивната церемонија за малку ќе ја уништеше нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар. Тој упадна во приватниот имот додека се завршуваа последните подготовки за венчавката, а сето тоа го сними преку пренос во живо на Инстаграм. По приведувањето доби забрана да и се приближува на пејачката.