Британски турист бил пронајден мртов на лежалка на Крит откако со часови лежел неподвижен. 54-годишен маж во саботата околу 20 часот бил забележан од загрижени лица на популарна плажа. Кога отишле да го проверат мажот, сфатиле дека е без свест и повикале брза помош.
Тоа се случило на плажата Сталида во општина Херсонисос, а изгледало како Британецот цел ден да ужива на сонцето. Сепак, тој со часови бил неподвижен на својата лежалка, што ги натерало оние во близина да повикаат брза помош, објавија локалните медиуми.
Болничарите се упатиле на местото на настанот за да извршат реанимација , но не успеале да го спасат. Потоа бил префрлен во Универзитетската болница во Ираклион каде била констатирана смрт.
Сталида се смета за една од најпознатите и најпопуларните дестинации на Крит. Понекогаш се нарекува Сталис, позната е по својата плажа погодна за семејството и се наоѓа на северниот брег на Крит.
Минатата недела во Грција почина уште еден турист. Капетанот на британски брод загина во чудна несреќа додека го врзуваше неговиот брод. 30-годишниот турист се обидувал да го прицврсти својот брод на карпа на островот Нимос околу пладне во вторник, 12 јули, кога се лизнал и паднал.