Британски тинејџер паднал од балкон на хотел во Шпанија и загинал

by Тони Зографски

Британски тинејџер (18) загинал во Шпанија откако паднал од балкон во хотел во Ланзароте.

Тој вчера бил итно пренесен во болница со повреди опасни по живот, но и покрај напорите на лекарите, тој починал.

Полицијата потврдила дека се работи за британски државјанин, и дека истрагата е во тек.

Во овој момент се верува дека станува збор за несреќен случај.

Сѐ уште не е познато од која висина паднал тинејџерот, како и дали бил на одмор со родителите или пријателите, објави Дејли Меил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com