Британските научници испитуваат нов лек, кој во случај некое лице да било изложено на коронавирус ќе спречи да се развие болеста ковид-19, што според нив може да спаси многу животи. Терапијата со антитела би дала моментален имунитет против болеста и може да се дава како терапија во итен случај на хоспитализираните лица и на лицата во старечки домови, за да се спречи да се шири епидемијата.
Како што велат, доколку овој лек се покаже ефикасен, може да спаси многу животи, бидејќи може да се примени како терапија за луѓе кои имаат хронични заболувања и доаѓаат во контакт со заразените со коронавирусот.
-Ако можеме да докажеме дека овој третман работи и спречува луѓето кои се изложени на вирусот да развиваат КОВИД-19, тоа би било возбудливо дополнување на арсеналот на оружје што се развива за борба против овој ужасен вирус, изјави вирусологот д-р за Гардијан Кетрин Хулихан, која ја води студијата.
Лекот, развиен од Универзитетскиот колеџ во Лондон Болници NHS и AstraZeneca, се состои од коктел со антитела произведени во лабораторија. што треба да заштити од КОВИД-19 помеѓу 6 и 12 месеци. Тимот што моментално го испитува се надева дека лекот, доколку се покаже ефикасен, ќе биде одобрен уште оваа пролет. Идејата е да се администрира во две дози, да се дава една по друга, на луѓе кои биле изложени на коронавирус во последните осум дена. Ова може да биде клучно за запирање на епидемиите во домовите за стари лица и студентските домови, но исто така и во болниците. Доколку е ефикасна, како што се надеваат научниците и лекарите, овој лек може да обезбеди и потребна заштита за луѓето со компромитиран имунитет на кои не им е дозволено да примаат вакцина или чие тело не е во состојба да развие доволно ниво на заштита по вакцинирањето.