Диџејот од Велс, Ли Брукфилд се изјасни за виновен за напад откако уринирал врз маж кој боледува од рак на 26 декември 2023 година.
Брукфилд денеска е осуден на 14 недели затвор. Питер Бартон му раскажал на Брукфилд (40) за неговите проблеми со простатата во тоалетите на тенискиот клуб Ланели, по што диџејот уринирал на грбот на постариот човек. Притоа тој снимил што прави и видеото го објавил на интернет.
“Обвинетиот влегол во тоалетот и разговарал со тужителот, кој му рекол дека неодамна му бил дијагностициран рак на простата. После тоа, обвинетиот уринирал врз тужителот и објавил видео од инцидентот на Интернет”, изјавила обвинителката Луси Менсфилд за време на судењето.
Бартон не знаел што се случило додека Брукфилд уринирал на неговата облека. За целиот настан дознал дури кога го видел објавеното видео. 40-годишниот диџеј во судницата ѝ се извинил на жртвата и рече дека е згрозен од своето однесување, пишува Sky News.
Со оглед на тоа што Брукфилд веднаш се изјаснил за виновен, судот потврдил дека има право на намалување за една третина од казната. Исто така, му било наредено да плати отштета од 500 фунти (околу 580 евра), трошоци од 85 фунти и доплата од 154 фунти.