Лекарка од судска медицина од Англија ја обвини Британската национална здравствена служба (НХС) за смртта на 14-годишната ученичка, откако беше пронајдена обесена во парк.
Таа рече дека Британија не успеала и ја изневерила помладата генерација. Утврдила дека негрижата за здравствените услуги довела до трагична смрт на 14-годишен ученик.
Пенелопе Шофилд планира да му пише на министерот за здравство Саџид Џавид, откако заклучи дека Робин Скилтон (14) се самоубила затоа што била разочарана од одделот за НХС задолжен за менталното здравје на младите. Таа предупреди дека постои ризик и други тинејџери да подлегнат на нивните ментални болести доколку не се преземат итни мерки.
Скофилд заклучил дека НХС е виновна за запоставување на 14-годишната Скилтон затоа што тој постојано одбивал да ја процесуира иако таа јасно изразувала самоубиствени намери.
Скилтон го напуштила својот дом на 7 мај минатата година и се обесила во паркот. Пред тоа, таа имала долга историја на самоповредување и отворено зборувала за тоа како размислува за самоубиство.
И покрај тешката ситуација, никој сериозно не разговарал со 14-годишната, не била прегледана од детски психијатар, ниту пак отишла на проценка на проблемите со менталното здравје.
НХС ја испрати дома еден месец пред нејзиното самоубиство и покрај тоа што беше на листата со висок ризик.
Нејзиниот татко, Алан Скилтон, директор на софтверската компанија, постојано ги молел властите за помош и рече дека е шокиран од запоставувањето од страна на НХС.
„Разбирам дека имаше тешка ситуација со пандемијата, но НХС сепак покажа незадоволително ниво на грижа за Робин. Заклучив дека ова е случај на занемарување на здравствените услуги“, рече Шофилд, пренесува Дејли Мејл.
„Робин си го одзеде животот додека се бореше со нејзините ментални проблеми. Службите за ментално здравје не го препознаа влошувањето на нејзиното ментално здравје ниту ѝ ја пружија потребната нега. Поради тоа, нејзината смрт беше предизвикана од невнимание“, додаде таа.
„Верувам дека ако ја прегледаа и ја лекуваа навреме, ќе се чувствуваше подобро и немаше да се самоубие“, рече таткото на 14-годишното девојче.