Моделот и манекенка од Велика Британија, Елса Тора, ја шокираше јавноста поради изјавата дека ќе спие со играч од секој премиерлигаш и тврди дека веќе постигнала „хет трик“.
Елса својот предизвик го нарече „златен кревет“, алудирајќи на наградите кои веќе постојат во фудбалот.
– Сте слушнале за златната копачка и златната ракавица, но јас одам на нова. Златен кревет. Ќе спијам со играч од секој тим од Премиер лигата. Три се веќе архивирани, останаа уште 17 – изјави оваа русокоса.
Медиумите пишуваат дека Челзи, Арсенал и Лестер се клубовите кои во своите редови имаат играчи кои наводно биле со Елса, додека самата додава дека први ја контактираат фудбалери од клубови од Лондон.