На социјалните мрежи се појави видео од крштевка, при која настапила смрт.
На видеото се гледа како телото на Роберт Смит лебди со лицето надолу најмалку 5 минути пред гостите и свештеникот да забележат што се случува. Овој 61-годишник, кој боледувал од Паркинсонова болест, извесно време плутал во базен во градината зад салонот за убавина во Бирмингем, додека неговата поќерка се молела и пеела.
Целиот настан го следела група од најмалку 12 членови и долго време никој не забележал дека нешто не е во ред со Смит. Крштевањето се одржало на 8 октомври во задната градина на приватна куќа, а христијанската заедница пренесувала сѐ во живо на Фејсбук, иако објавата подоцна е отстранета.
На видеото се гледа како Смит плута неколку моменти, а потоа се бори да ја задржи главата над површината две минути. После тоа, неговата глава била под вода најмалку четири минути и 50 секунди пред другите учесници и неговата поќерка да сфатат што се случува.
Кога пристигнале екипите на итната помош, тие се обиделе да му пружат прва помош на Смит, но тој подоцна бил прогласен за мртов на местото на настанот. Роберт Смит бил по потекло од Јамајка, но живеел во Велика Британија најмалку 25 години. Имал седум внуци. Тој веќе бил крстен како тинејџер, но сакал втора церемонија за да стане „повторно роден верник“.
„Роберт беше неверојатен човек, секогаш можеше да му веруваш. Имаше семејство низ Јамајка, Обединетото Кралство и САД. Неговите роднини го предупредија да не се крсти вторпат бидејќи има 61 година и боледува од Паркинсонова болест. Но, тој се приклучи на Life Changing Ministries и сакаше да биде повторно роден верник“, изјави неговиот пријател за Daily Mail.
И полицијата го објави целиот случај. „Во догледно време ќе извршиме постмортам за да ја утврдиме причината за смртта. Спроведуваме истрага. 46-годишна жена која вчера беше уапсена во Бирмингем е ослободена со полициска кауција во Вест Мидлендс. – изјави портпаролот на полицијата.