Британецот Џош Кер објави видео на TikTok во кое сподели дека одлучил да помине 28 дена живеејќи во хотел со пет ѕвездички и спа-одморалиште во Анталија.
Тој објаснил дека 28 дена во тој хотел чинат 944 фунти (околу 1.100 евра), додека за неговиот стан во Манчестер месечно плаќа 950 фунти (околу 1.110 евра), објави Дејли Меил.
Тој рече дека цената на неговиот престој во Турција всушност ги вклучува неговите повратни летови плус пијалоци и оброци во хотелот и можноста за користење на пет базени. Исто така, тој вели дека хотелот има неколку барови и ресторани, спа центар и простор за забава и е на само 300 метри од плажата. Во Велика Британија, тврди тој, плаќал 1.110 евра за кирија и комуналии и не уживал во луксуз.
„Овде добивате појадок, ручек, вечера, пијалоци, закуски… Што правиме во Англија? изјави Џош во видеото кое за еден ден собра повеќе од милион прегледи.