Брендот „Бриколаж“ се пресели во еден од објектите на скопски „Тинекс“, кој своевремено работеше како Супертинекс, но потоа долго време беше испразнет од стока и не функционираше. Станува звор за објектот на Тинекс кој беше лоциран токму според Бриколаж.
А, што се крие зад ова селење, може само да се насетува или да се претпоставува.
Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“.
Таму се очекува да никне првиот маркет на Лидл во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на Лидл во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.
Дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на Лидл во земјава, или станува збор само за преселба на локацијата на Бриколаж, откако нивниот објект беше продаден, останува да се види.
Во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.
Извор: Фактор.мк