Француската прва дама Брижит Макрон за многумина е синоним за елегантен деловен стил, иако понекогаш добива критики за нејзиниот моден избор.
Во најголем дел, според модните експерти, таа е беспрекорно облечена, секогаш во согласност со пригодата.
Сепак, нејзините следбеници на социјалните мрежи веруваат дека понекогаш избира облека што не ѝ прилега на жена на нејзина возраст. А, зошто постои таква граница?
Од друга страна, Брижит воопшто не се грижи за тоа и продолжува да го носи она што ѝ се допаѓа.
Но, никој немал замерки за нејзиниот избор на костим за капење, кој совршено може да ѝ прилега на секоја жена! Таа избрала класичен, безвременски модел за својот одмор.
Таа блескала на плажата во црн едноделен костим за капење, додека францускиот претседател уживал во водени спортови.
Исто како малиот црн фустан, неутралниот црн едноделен костим за капење е одличен избор. Тој е едноставен, но многу ефикасен и совршено им одговара на жените од сите генерации и фигури.