Музичарот Рајко Дујмиќ од средата вечерта е во одделот за интензивна нега во Клиничката болница Ријека, по тешката сообраќајна незгода, а утрово од болницата изјавија за РТЛ дека неговата состојба е непроменета и дека неговиот живот сè уште е во опасност.
Неговата сопруга, Снежана Дујмиќ, е неутешна поради страшната несреќа и состојбата во која се наоѓа нејзиниот сопруг, а сега на социјалните мрежи го објави инструменталот на песната на Рајко „Пеење на шумите“, во која може да се чуе чукањето на срцето.
„Сигурна сум дека срцето на Рајко ќе чука уште долго време“, напиша Снежана.
Несреќата се случила точно на нивната 38-годишнина од кога ја запознал Снежана. Рајко сакал да ја прослави нивната годишнина во нивната викендичка во Стари Лаз кај Равна Гора, каде што Снежана престојува последните неколку недели. Пред вечерата, тој отишол да и купи подарок на својата сопруга, но на враќање слета од патот во длабочина од 11 метри. Две ребра му се скршени, а доби сериозен удар во главата.
Како што потврдија во полицијата, несреќата се случила околу 17:15 часот кога Дујмиќ со „Фолксваген тигуан“излетал од патот и завршил на падината на бездната. Според првите информации, причината за несреќата по која Дујмиќ заврши во билница е пребрзо воозење. Дујмиќ бил однесен со брза помош во болницата во Сушак.