Данило Брестовац од денеска е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија. Тoа го потврди претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на прес конференција.
„ Прва цел ќе биде пласманот на Европското првенство. Целта е секако настапи во контиунитет на првенствата. Не може од сега да предвидиме што ќе биде. Глобалната идеја е А-селекцијата да оди чекор по чекор напред . Како прв човек на федерацијата можам да кажам дека Брестовац ќе ја има максималната поддршка од нас, се надеваме на вклучување на што повеќе македонска струка која ќе му помага на Данило и сето тоа да ни се врати како нов чекор напред на македонскиот ракомет“ – изјави Мукаетов.
Инаку, Данило Брестовац има искуство на големите натпреварувања како помошник на тогашниот селектор Ивица Обрван, сега како прв човек на клупата на националниот тим вели дека му се остварил неговиот професионален сон.
„Способен сум да одговорам на функцијата. Сето она што е позади мене, ми дава за право да дојдам до остварување на некој мој професионален сон. Ако се вратам наназад, имам некои работи кои оставаат длабок впечаток во мојот живот. За моето конкурирање, некој беше „за“, некој беше против, некои велеа дека е рано, но јас мислам дека е дојдено времето. Со дел на репрезентативци сум делел соблекувална, со дел ги имам селектирано. Имаме циклус да формираме репрезентација, со која се надевам дека ќе се гордееме со неа. “, изјави Брестовац кој најави враќање на Миркуловски во составот.
(фото: Спорт1)