Српската пејачка Весна Змијанац (64) е позната како личност без влакна на јазикот, која никогаш не се воздржува да го каже токму тоа што го мисли. Затоа важи за една од најискрените пејачки на естрадата, на која опстојува над 40 години.
За време на едно интервју, фолк-пејачката ја прашаа дали има коментар на изјавата на својата колешка Лепа Брена, која во една пригода ги обвини неа и Мира Шкориќ дека се опиле за време на снимањето на видеоспот за заедничката песна „Мушкарци“…
“Брена само сака да зборува така. Таа ќе испие една голтка алкохол и веќе се орасположува, а мене цел живот ме нарекуваат пијаница, а факт е дека јас ретко пијам надвор од сцената. Пијам само кога настапувам, како Горан Бреговиќ“, искрена беше Весна, која исто така зборуваше и за односот со својата „ривалка“, Лепа Брена.
“На времето пишуваа дека Брена и јас не сме во добри односи, а ние молчевме и остававме работите да ви одат во полза на вас новинарите, бидејќи, едноставно, не ни беше гајле што се пишува. Бевме популарни, се пишуваше за нас, ги полневме столпците во весниците. Вистината е дека јас никогаш се немам судено со некоја колешка, ниту, пак, со колега. Сега е друго време, пејачките станаа многу нервозни, полни со енергија што не е нормална.“
Змијанац спомена и за сексуалниот скандал на Карлеуша за кој се пишувше пред извесно време.
„Можеби не беше добро тоа, но како што можете да видите, очигледно тоа не им пречеше на нејзината популарност и слава, таа го користи тоа. Јелена е опасен играч. Бев со неа и во добро и во зло. Јелена за мене е енергија која е многу силна. Нашите луѓе не ја разбираат Јелена. Таа тука сакаше нешто многу добро да направи, но тие не ја разбираат“, изјави пејачката.