По Нова година, Лепа Брена тргна на турнеја во Австралија. Покрај големиот број на концерти, Брена наоѓа време и да се одмори.
Имено, пејачката на социјалните мрежи знае да се пофали како си поминува и да ги извести своите фанови за успехот од турнејата. Последната нејзина фотографија е од плажата Бора Бора, во еден од најскапите тамошни ресорти “Четири сезони“.
Овој момент го овековечи со фотографија и ја сподели на Инстаграм.
“ Една е Брена“, “Брено уживај“, “ Родена кралица“, се дел од коментарите на фотографијата.