На ревијата на еден познат бренд се појави трудница која со својот настап го поддржа трудничкиот стил на Ријана и Адријана Лима и отиде чекор понатаму.
Познатата француска манекенка и идна мајка, Констанца Јаблонски, носеше еден од моделите од новата колекција на модната куќа, на ревијата на модната недела во Париз (26 септември – 4 октомври).
Нејзиниот труднички стомак беше во центарот на вниманието, а таа како и брендот, чиј модел го претставуваше, ја поддржа идејата мајчинството да се слави со облека и да се урнат границите кои важеа до сега на полето на породилниот стил, а кои во голема мера ги ограничија модните избори на идните мајки.
Зачетникот на таа модна револуција е пејачката Ријана која стана мајка во мај годинава. Во јавноста носеше и фустан од неглиже од тул, а за време на бременоста не прифаќаше никакви ограничувања при изборот на облека.
Адријана Лима, која неодамна го доби третото дете, го следеше нејзиниот пример. Истото може да се каже и за актерката Софи Тарнер, која на ваков начин ја виде својата втора бременост.