Познатата данска манекенка Нина Агдал наскоро за првпат ќе стане мајка, а оваа радосна вест таа и нејзиниот вереник, милијардерот и познат Јутјубер Логан Пол, ја објавија во април преку социјалните мрежи.
Убавицата е многу активна на социјалните мрежи за време на бременоста, а пред крајот на истата таа реши да покаже како изгледа нејзиното тело додека ги брои деновите до доаѓањето на бебето на свет и до својата најубава нова улога.
Агдал позирала целосно гола покрај езеро, криејќи ги градите со рацете, а откри дека ја фотографирал Логан, кој во коментари напишал дека таа е неговата муза.
Нина, која денес важи за една од најубавите манекенки, за време на бременоста изгледа прекрасно, а доказ за тоа се бројните комплименти кои ги добива. Уште сега e јасно дека таа ќе блеска и со бебе во рацете и ќе биде меѓу најубавите славни мајки.