Меган Фокс ужива и во четвртата бременост.
38-годишната актерка, која го очекува првото дете со Машин Ган Кели, го истакна пораснатото трудничко стомаче на отворањето на празничната продавница на FWRD и REVOLVE во Лос Анџелес. Ова е прво појавување во јавност на ѕвездата од „Transformers“ по откривањето на веста дека е бремена.
Меган нежно си го прегрнуваше стомачето додека позираше во продавницата. Таа носеше потполно проѕирен фустан во бургундец нијанса. Својот изглед, таа го комплетираше со кожен мантил во истата нијанса.