Пред неколку дена се дозна дека актерката Маргот Роби е бремена, а завчера таа и нејзиниот сопруг Том Акерли беа видени на Вимблдон.
Неодамна фотографите ја уловија на улиците на Њујорк во широка јакна каде изгледаше како да сака да го сокрие својот стомак. Овој пат гордо го покажа.
Таа носеше бел асиметричен фустан со точки што допираше до колената. Аутфитот го комплетираше со црни чевли со високи потпетици, златен накит и црно-бела чанта.
Идните родители цело време се држеа за рака, а на трибините паднаа неколку бакнежи.
Заедно со Том Акерли и Маргот Роби, на 12-тиот ден од Вимблдон еба видени и некои други познати лица како Пипа Мидлтон и Хју Грант.