Бремената бразилска манекенка Жизел Бундхен (44) неодамна беше „уловена“ како ужива на романтичен одмор на плажите во Костарика, во друштво на нејзиниот дечко Хоакин Валенте (35).
На фотографиите може да се забележи како тие се шетале покрај морето држејќи се за рака, а со нив се шетало и кучето. Манекенката носела проѕирна маица преку костимот за капење и гордо го покажала трудничкиот стомак.
Инаку, манекенката го очекува своето трето дете, кое ќе ѝ биде прво со сегашниот партнер Хоакин Валенте, кој е инструктор по џиу-џицу. Бундхен е во врска со Валенте од јуни 2023 година. Тие првпат беа видени заедно во ноември 2022 година, кога парот летуваше во Костарика со нејзините две деца. Откако првично негираше романтична врска со нејзиниот инструктор, таа подоцна призна дека се родила љубов меѓу нив.
Со својот поранешен сопруг, НФЛ спортистот Том Брејди, Жизел ги има синот Бенџамин Реин (14) и ќерката Вивијан Лејк (11).