Бред Пит неодамна оствари улога во филмот „Волци“ во режија на Џон Вотс, а за една сцена искористил и една добро позната псовка на Балканот.
Имено, по излегувањето на филмот во кој главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Џорџ Клуни на стриминг платформата „Apple TV+“, на Јутјуб се појави видео од сцена во која Пит изговара псовка.
За време на една сцена на танцување во свадбена сала, Клуни му се обраќа на Пит, кој на крајот изговара „П**ку материну“. Во истата сцена се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој пред тоа и на двајцата им се обраќа со реченицата: „Оладете, да ви е*ам!“.
Буриќ во филмот игра руски мафијаш, па се претпоставува дека сценаристите всушност сакале пцовка на руски, но најверојатно згрешиле.
Во филмот, Клуни глуми професионален криминалец чија задача е да прикрие злосторство од висок профил. Но, кога Пит, кој е ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата „волци самотници“ мора да ги здружат силите.