Бред Пит го разоткри односот на Анџелина Џоли со милијардерот барон кого го обвини дека заговарал со неговата поранешна сопруга во жестоката битка за винаријата – откривајќи мејл што Шефлер ѝ го испратил на актерката во кој ја поканил да остане во неговиот шкотски замок.
Блиското пријателство на Анџелина Џоли со рускиот олигарх Јуриј Шефлер – човекот обвинет за заговор против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит – беше откриено во мејл испратен од баронот, повикувајќи ја актерката да ја помине ноќта во неговиот шкотски замок.
Шефлер напишал во мејлот до Џоли дека треба да дојде и да го посети во неговиот раскошен дом на имотот Тулчан во регионот Спајсајд во Шкотска – неколку месеци откако таа му ја продаде својата половина од лозјето кое претходно го поседуваше со Пит за 8,5 милиони фунти. Ова, инаку, беше потегот што ја започна големата војна меѓу поранешната двојка, која се уште трае.
Имено, откако Џоли му го продаде на Шефлер својот дел од француската винарија што ја поседуваше заедно со Бред во октомври 2021 година, Пит ја тужеше за прекршување на договорот и ја обвини компанијата на Шефлер за „обид за непријателско преземање на винскиот бизнис“.
Сега, мејловите разменети меѓу Анџелина и Шефлер се појавија во медиумите и се вклучени во серијата нови судски документи поднесени од адвокатите на ѕвездата, а баронот го обвини Пит дека се обидел да ја „саботира“ нивната деловна врска.
Во пораката од 25 мај 2022 година, Шефлер ѝ напишал на Џоли дека таа и нејзините шест деца се секогаш добредојдени да го посетат неговиот замок и дека тој ѝ стои на располагање за се. Не е познато дали Џоли некогаш отишла на одмор во замокот.
„Со ова писмо сакам да ви се заблагодарам за договорот што го направивме“, напишал бизнисменот во мејлот.
„Задоволен сум од договорот и покрај тековните несогласувања со г-дин Пит во врска со неговите обиди за саботажа и избегнување потпишување на акционерскиот договор. Сепак, се надевам дека на крајот ќе станеме доверливи партнери и ќе уживаме во заедничкиот бизнис.
Доколку во било кое време ви треба каква било помош од мене, ве молиме контактирајте на бројот…
Мојата покана да го посетите мојот имот во Тулчан во Шкотска останува отворена за вас и вашите деца во секое време. Со почит“, било наведено во мејлот.