Меѓу големиот број познати личности што вчера се појавија на финалето на турнирот Вимблдон, беше и холивудскиот актер Бред Пит, кој успеа да го украде вниманието на присутните.
Бред, видно вознемирен затоа што Новак го губи натпреварот, почна да грицка чипс за да се смири.
Ова видео почна масовно да се споделува на социјалните мрежи, па реакции имаше и кај балканските твритерџии кои беа изненадени што згодниот холивудски актер се одлучил да консумира таков вид храна, а сепак му успева да изгледа неодоливо.
„Јаде чипс“ – стои во еден од коментарите на Твитер.
„И подобро изгледа од сите нас заедно на Твитеров“ – стои во една од реакциите од Македонија.
„И после ќе речат дека не е добар чипсот. Како не чини, види каков е дечкото, како јаболко“.
https://twitter.com/i/status/1680627075844022278