Бред Пит се појави вчера на трибините на Вимблдон за да го проследи финалниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, тој стана тема на денот.
Во сега веќе препознатливиот моден манир кој е олицетворение на фраерската ноншаланција, Бред Пит пристигнал на трибините на Вимблдон, а постои една занимливост кога станува збор за неговиот изглед. Дали сте знаеле дека славниот актер има 59 години односно 3 повеќе отколку што Новак (36) и Карлос Алкараз (20) имаат заедно?
Пресметката е јасна, а фотографиите од Вимблдон кажуваат сè. Пит пред повеќе децении беше прогласен за најубав маж од светот на шоубизнисот, а денес e симбол на машката убавина и секако го потврди својот актерски талент.
Влијанието на неговата убавина може да се спореди со статусот кој го имаа најубавите актери на стариот Холивуд, како Кери Грант и Пол Њумен.
Фотографиите од Бред од вчерашниот настан се доказ дека ни машката убавина не е ограничена со годините и дека со текот на времето може да стане сè поизразена. Времето одминува, но денес како и претходно, Бред сè уште е на листите на најубави мажи на светот.