Бред Пит има нов имиџ (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската ѕвезда и миленик на милиони жени, 61 годишниот актер Бред Пит со текот на годините често го менува својот имиџ.

Мегапопуларниот актер својот најнов имиџ го откри вчера додека уживаше во возењето низ Лос Анџелес, кога беше уловен со нова фризура.

Познатиот оскаровец често го прилагодуваше својот имиџ на партнерките со кои беше во врска, а наместо подолгата коса по која беше познат последниве месеци, доаѓа голема, можеби најголемата промена која ги воодушеви сите негови фанови.

Бред Пит сега ја има најкратката фризура досега – дури е изненадувачки што се решил на овој чекор. Ја задржа брадата, но ја скрати, а дефинитивно се согласуваме со фановите дека оваа слика одлично му прилега, пишува Superwoman.

Не е познато дали на промената го наговорила неговата нова девојка, швајцарската дизајнерка на накит Инес де Рамон, со која е во хармонична врска или едноставно сакал драстична промена.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com