Иако влезе во седмата деценија од животот, Бред Пит им пркоси на годините со својот младешки изглед.
Пит, Ф1 возачот Луис Хамилтон и актерката Дејзи-Едгар Џонс беа меѓу големите имиња кои пристигнаа на 4-дневната Голема награда на Велика Британија која трае до 7-ми јули.
Бред допатувал во Силверстон за да снима сцени за неговиот претстоен Ф1 филм во кој ќе го игра возачот ветеран Сони Хејс, кој се враќа во Ф1 по долго отсуство.
Во спортско издание, славниот актер привлече големо внимание, а сите се согласуваат дека годините за него се сè уште само бројка. Овојпат ја немало неговата нова девојка Инес де Рамон, заносната бринета од која не се одвојува во последно време.