Трагичната вест го шокираше славниот холивудски актер Бред Пит. Имено, неговиот пријател, фотограф и уметник Сол Флечер ја убил сопругата на 52-годишна возраст, а потоа и признал сè на својата ќерка.
Ќерката на Сол комуницирала со полицијата во Берлин, каде сето тоа се случи. Таа и рекла на полицијата дека нејзиниот татко ја повикал и признал дека ја убил нејзината 53-годишната мајка. После тоа многу брзо го напуштил станот во Берлин и заминал со неговиот автомобил.
Малку подоцна, неговото тело беше пронајдено во куќа во близина на Бранденбург. По пронаоѓањето на телото, полицијата открила дека Сол се самоубил по убиството на неговата сопруга, а телото на неговата сопруга, која починала од убодни рани, е пронајдена во стан во Берлин.
Германски „Блик“ пишува дека полицијата нема докази дека некој друг бил вмешан во случајот, но и дека сè уште ги истражува сите детали.
Инаку, Сол бил добар пријател со Бред Пит, а тие се снимани заедно минатата година на уметничката изложба во Венецијаското биенале.
Саул бил самоук фотограф и уметник и живеел со своето семејство во Берлин изминатите 20 години.