Бред Пит наводно се гледа со оскаровка Шарлиз Терон, откако ги запознал поранешниот свршеник на актерката, Шон Пен. Пит и Шерон биле видени заедно на прикажувањето на филмот „Рома“ минатиот викенд во дворецот Мармонт во западен Холивуд.
„Беа многу блиски, цело време неговата рака беше на нејзиниот грб. Изгледаа многу среќно. Се гледаат веќе еден месец. Пријатели се некое време, а ги запозна, иронично, Шон, но работите се одвивале во друга насока“, рекол извор за „Сан“.
Претставниците на Пит одбиле да ја коментираат неговата нова романса.
Инаку, Бред Пит го остави алкохолот откако призна дека тој бил главниот виновник за неговите брачни проблеми со Анџелина Џоли. Шарлиз Терон, која има две посвоени деца, претходно ја поврзуваа со Киану Ривс, Рајан Рејнолдс и Александар Скарсгард.