Бред Пит оваа недела бил фотографиран во Франција дури снимал реклама, а поради неверојатно младешкиот изглед на 59-годишна возраст го споредиле со Бенџамин Батон.
Холивудскиот актер бил снимен како работи на реклама за италијанскиот бренд за кафе „De’Longhi“ во лозје во регионот Вар, на француската ривиера.
Токму самиот Пит го играл ликот на Бенџамин Батон, човекот кој старее наназад, а поради неговиот изглед, на сетот го споредувале со него.
Се чинело дека Пит бил расположен додека се смеел и разговарал со членовите од екипата на снимањето. Пит веќе долги години соработувал со „Де’Лонги“ – Во 2021 година бил именуван за глобален амбасадор на брендот, а признал и дека бил пристрасен не само кон компанијата, туку и кон нејзиниот производ и маркетиншки пристап.