Браќата Ерик Симонс и Кенет „Јеј Ар“ Мекферсон од САД невини поминале 24. години во затвор, за што ќе им биде исплатено обештетување од 4. милиони долари.
Комитетот за државни работи во Мериленд едногласно одлучил постепено да им исплати 1,9 милиони американски долари до 2025 .година.
Браќата биле во раните дваесетти години кога во 1995. година биле осудени на доживотен затвор за планирање на убиството на Ентони Вуден во Источен Балтимор.
Непрофитната организација „Innocence project“ се борела за ослободување на двајцата браќа затоа што докажале дека биле на сосема друго место за време на убиството на Вуден.
Според нив, полицијата и предложила на една жена да сведочи против нив во замена за плаќање на нејзината кирија. Претходно, се тврдело дека истата жена прифатила слична понуда за вооружен напад во Западен Балтимор.
Исто така се наведува дека полицијата присилила 13-годишното момче да сведочи против Симонс и Мекферсон, а тоа подоцна ја сменило својата изјава.
Симонс и Мекферсон беа ослободени во 2019 година.
-Мајка ми почина во 2009 година додека бев во затвор. Благодарен сум за обештетувањето, но тоа не може да го врати времето поминато зад решетки, рекол Симонс.
Тој додал дека не е во можност да размислува за тоа што го чека во иднина.