Министерот за здравство, Венко Филипче во Владата вечерва одржа прес-конференција, каде информираше за најновите случаи на коронавирус во Дебар. Имено брачен пар е позитивен на тестирањето на коронавирус/
“Станува збор за сопружници од Дебар. Тие од Бреша, Италија на 27 февруари влегле во државата, а се симнале во Куманово и Дебар. За прв пат се јавиле на 2 март, на матичен лекар кој ги испратил на домашно лекување. За време на престојот дома имале контакт само со братот на жената, “ вели Филипче и додава:
“Во соработка со МВР се пронајдени имињата на сите патници кој влегле со автобусот на заразената двојка на 27 февруари и од утре тие ќе бидат интервјуирани, а ќе се направи и анализа на контактите што ги имале. Вечерва заразените сопружници со специјален транспорт ќе бидат пренесени од Дебар на Инфективната клиника во Скопје“.