Пред само неколку недели, брачниот пар од Флорида, Стуарт (74) и Адриан Бакер (72), биле потполно здрави. Но, во средината на март почнале да се чувствуваат лошо.
Пред три недели отишле на лекар, кој по прегледот ги испратил на домашно лекување. Неколку дена подоцна се чувствувале уште полошо и веднаш биле одведени во посебен карантин.
Но, на 19 март им било речено да се вратат во болница. Стуарт имал висока температура и асма, додека Адраин немала сериозни симптоми и била пратена на домашно лекување – пишува Си-Ен-Ен.
На 24 март на Стуарт му било дијагностицирана коронавирус, а , како мерка на претпазливост, неговиот син Бади одлучил во болница да ја однесе и мајка му. Само 45 минути по прегледот, лекарот соопштил дека нивото на кислород во крвта на мајка му бил многу ниско.
Стуарт и Адриан биле ставени во иста соба во болницата, а кога им се подобрила состојбата биле симнати од респиратор. Но, во неделата здравствената состојба им се влошила и двајцата починале од коронавирус, во интервал од само шест минути.
Li