Обвинителствоото во Белград покрена тужба против Милева Мартинов и нејзиното момче Ненад Петровиќ кои скоро две години во својата куќа ја држеле како затвореничка, при што ја злоставувале и ѕверски мачеле 28- годишната Јелена од Панчево.
Случајот кој ја згрози Србија, но и целиот регион е откриен минатата година во октомври, откако после анонимна дојава полицијата влегла во домот на Милева и Ненад.
-Јелена раскажала дека побарала засолниште кај нив откако побегнала од своето семејство, каде исто така трпела насилство. Првите неколку месеци се сложувале добро, но потоа настанал пекол поради љубомората на Милева. Започнала брутално да ја малтретира Јелена, како физички така и психички, а набрзо на сето тоа се приклучил и Ненад. Покрај тепањето тие и корнеле нокти, ја терале да јаде измет, а Милева ја силувала со метла- раскажал извор за српски „Курир“.
-Толку ме мачеа, што ги молев и да ме убијат.Сакав да побегнам но се плашев дека ќе ме фатат. Носеа и мажи да имаат секс со мене, а потоа им наплаќаа, а ме тераа и да питачам- раскажала Јелена на судењето.
После истрагата, утврдено е дека Јелена е тешко болна и има карцином.
На сопружниците им се заканува казна од 10 до 15 години затвор.