Во интервју за италијански „Кориере дела Сера“, Златан Ибрахимовиќ одговори на неколку интересни прашања, особено за неговиот приватен живот и неговото детство. Тој откри дека неговиот брат Сапко починал пред седум години.
„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести како загинал некој кој го познава. Им помагаше на бегалците, а мене секогаш пробуваше да ме заштити од тоа. Кога почина неговата сестра во Шведска, не ми дозволи да одам. Но кога почина мојот брат Сапко од леукемија, бев на прогреб. Почина пред мои очи, ја видов неговата смрт. Го погребавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти ни солза. Утредента отиде на гробишта и плачеше од утро до вечер сам“, изјави Ибрахимовиќ.
Потоа се опиша себеси како момче.
„Како дете бев тежок, проблематичен. Штом се родив, бабицата ме спушти од метар височина. Целиот мој живот беше тежок. На училиште бев поинаков, другите беа сини, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, различно се движев. Родителите на моите школски другари потпишаа петиција да ме избркаат од класот. Секогаш бев омразен. И на почетокот лошо реагирав. Бев изолиран. Подоцна научив како да ги претворам страдањата и омразата во сила“.
„Јас сум Швеѓанец, но исто така сум и мешана раса. Мајка ми е Хрватка, католик, а татко ми е од БиХ и муслиман, и иако поголемиот дел од кариерата го поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија, рече Златан.
Фото: ЕПА