Џенет Џексон (55), првпат раскажала како брат ѝ Мајк Џексон ја навредувал додека била млада, поттикнувајќи ѝ проблеми со сликата за сопственото тело.
„Имаше моменти кога Мајкл ме прозиваше. Ме нарекуваше свиња, крава, коњ. Тој се смееше на тоа, а потоа и јас ќе почнев да се смеам, но длабоко во мене ме болеше. Кога некој ќе ти каже дека си дебел, тоа влијае на тебе“, изјавила Џенет.
Џенет зборувала за проблемите со килограмите во документарната серија која ја снимала пет години. Признала дека се борела со килограмите од својата десетта година кога ја добила улогата на напатената девојка Пени во „Good Times“, пренесува „The Sun“
„Емотивна сум, па кога сум под стрес или нешто многу ме мачи, јас јадам, тоа како да ме теши“, изјавила Џенет и додала дека тој проблем многу ја погодил поради тоа што била јавна личност, а поради тоа била и под поголем притисок.
Џенет и Мајкл, кој бил седум години постар од неа, биле неразделни во детството, меѓутоа кога пораснале се оддалечиле.
„Се сеќавам дека многу го сакав неговиот албум „Thriller“, но првпат во животот почувствував дека меѓу нас работите се поразлични. Тогаш јас и Мајкл почнавме да чекориме по нашите патишта“, изјавила Џенет.
Таа признала и дека чувствувале дека ѝ е симнат голем товар поради постојаните споредувања со нејзиниот мегапопуларен постар брат.
„Благодарна сум затоа што тоа презиме ми отвори многу врати, а во исто време постоеше и осудување кое доаѓаше со тоа презиме, односно одредени очекувања“, изјавила пејачката.