Поранешниот лидер на СДСМ, претседател и премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски, стана дедо, откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко.
Бранко Црвенковски со сопругата Јасна има две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски кој, во времето на владата на СДСМ во 2002-2004, беше министер за внатрешни работи а потоа, неколку месеци, и премиер.